Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција го обвини Путин за воено злосторство

Турција го обвини Путин за воено злосторство

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу на денешната лондонска конференција посветена на Сирија, сите поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал Асад ги обвини за воени злосторства.

 „Основната причина на овој проблем претставуваат воените злосторства кои ги изврши сирискиот режим и воените злосторства што ги извршија припадниците на Исламска држава. Тие што му помогаат на режимот на Асад исто така извршуваат воени злосторства. Ова го зборувам посебно денеска, бидејќи Алепо е изложен на силни напади на руските авиони”- рече Давутоглу

Турскиот премиер ги повика САД да заземат одлучен став против Русија поради нејзината интервенција во Сирија.

Инаку, вчерашнниот напад во Алепо беше најголемата офанзива на сириската армија, поддржана од руското воздухопловство.

Таа беше вистински пресврт во војната во Сирија каде што сириската армија „на крилјата“ на руските бомбардери буквално ги прегази милитантите и сега целосното ослободување на Алепо е прашање на време.

Станува збор за логистичка рута која што е од клучно значење за опстанокот на источниот дел на Алепо кој милитантите го држат под контрола. Без таа рута, милитантите за кратко време се очекува да бидат „задушени“, баш како што беа и џихадистите на Исламската држава неодамна во Рамади, Ирак.

Слично

Поврзани вести