Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција формално побара САД да и го испорача „терористот“ Ѓулен

Турција формално побара САД да и го испорача „терористот“ Ѓулен
Министерството за правда на Турција испрати формално барање до властите во САД да го приведат и екстрадираат исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кој засега е во азил во сојузната држава Пенсилванија. Претставници на американскиот департман за правда соопштија дека ќе го разгледаат барањето по што ќе донесат одлука дали има основ за екстрадиција. Во меѓувреме турскиот претседател Ердоган врши притисок врз американските политичари барајќи од нив барем да го приведат и мониторираат Ѓулен кој го сомничат за главен организатор на неуспешниот воен пуч во кој загинаа 270 лица, а подоцна десетици илјади беа приведени. Ѓулен тврди дека нема никаква вина за пучот и не верува во фер судење ако биде екстрадиран во Турција.
Слично

Поврзани вести