Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција бара уште пари од ЕУ за справување со бегалската криза

Турција бара уште пари од ЕУ за справување со бегалската криза
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу бара додатни средства од ЕУ, за да се справи со бегалската криза во Турција. -Над три милијарди евра ќе бидат неопходни за решавање на проблемот со бегалците во Турција, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу за турската телевизија „Ал Хабер”. Премиерот додаде дека три милијарди евра е само износ за првата фаза, а понатаму можно е да имаат потреба од повеќе средства. Турскиот премиер смета дека финансиските средства не треба да доаѓаат од веќе создадените фондови. Тој смета дека треба да се создаде нов посебен фонд за финансирање на проблемот со бегалците. Исто така бара во иднина сумата која ќе ја добиваат земјите да се пресметува секоја година во зависност од развојот на ситуацијата.  
Слично

Поврзани вести