Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција, Албанија, Србија, Црна Гора и Македонија во ЕУ ќе ја загрозат Британија?

Турција, Албанија, Србија, Црна Гора и Македонија во ЕУ ќе ја загрозат Британија?

Во Британија би можеле да стигнат убијци, терористи и киднапери,  ако земјата остане во ЕУ.

Британската министерка на оружените сили,  Пени Мордаунт вели дека Британија би била помалку безбедна ако на Турција, Албанија, Србија, Црна Гора и Македонија им се дозволи да влезат во ЕУ.

Таа е категорична дека многу од наведените земји имаат висока стапка на криминал, проблеми со банди и терористички келии, но и висока стапка на сиромаштија. Како што пренесува британскиот портал „Метро“,  Мордаунт верува дека останувањето во ЕУ ќе значи дека луѓето од овие земји ќе можат слободно да се движат и по Британија.

Заговорниците за останување на Британија во ЕУ ја критикуваа нејзината изјава, а се огласи и британскиот премиер, Дејвид Камерон и ги отфрли таквите изјави.

Слично

Поврзани вести