Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турско семејство: Изгубивме 13 роднини, немаме дом, работа, ние сме банкротирани

Турско семејство: Изгубивме 13 роднини, немаме дом, работа, ние сме банкротирани

Фатима Фиген изгубила 13 члена од своето семејство во земјотресот во Турција. 

„Имаше многу загуби во семејството на мојот сопруг. Неговата мајка, татко, браќа и сестри, снаи, внуци, внуки. Нашиот семеен стан се урна. Во меѓувреме вујко ми, неговата сопруга, нивното дете, свекрвата ги загубија животите…“, раскажува таа. 

Десет деца останаа без родители. Фатима на новинарите на Скај Њуз им покажа фотографии од куќата пред земјотресот.

Стан на четири ката исполнет со три генерации. Куќата се претвори во гробница во која починаа нејзините најблиски, пишува Скај.

Имало и случаи кога спасувачите ги извадиле повредените од под урнатините, но потоа тие починале од студ. Сега луѓето немаат работа и тоа е проблем за нив.  

„Нема работа. Ние сме банкротирани“, вели роднината на Фатима, Хабиб.

На новинарите на Скај им го покажува комбето во кое тие наизменично спијат. Со уништен дом и изгубени работни места, за нив нема иднина во Адијаман.

„За мене нема надеж, готово е. Градот веќе не постои“, вели Хабиб.

Толпи луѓе го напуштија Адијаман, нема струја, а преживеаните велат дека водоснабдувањето е прекинато или загадено.

Имаше и случаи каде еден човек изгубил повеќе од 120 блиски во земјотресот. Сахин Фират е претседател на Турско-шкотската стопанска комора, живее во Единбург и тој соопшти ваква информација за себе. 

Градот Нурдаг ќе биде срамнет со земја и повторно изграден. 

Слично

Поврзани вести