Турскиот пуч како акционен и политички филмски трилер
Турција планира да сними спектакуларен филм кој ќе ја третира темата за неуспешниот воен пуч на 15 јули кога повеќе бунтовници во армијата се обидоа да го урнат Ердоган од власт. Засега се најавува еден вид на холивудски акционен блокбастер со елементи на политички трилер.

Во филмот ќе биде прикажана терористичката организација ФЕТО предводена од исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кои според турските власти се главни виновници за пучот и се прогласени за државни предавници.

Филмот за пучот ќе има огромен буџет, а улоги ќе добијат големите турски актерски ѕвезди како и актери од странство. Продуцентот на филмот Исмаил Озер посакува режисер од Холивуд да ја има главната палка. Премиерата се очекува да се одржи наредното лето.
