Турскиот народ на нозе, демонстрантите бараат оставка од Премиерот
Мирниот протест поради сечењето на 600 дрвја од парк во Истанбул, се претвори во вистински народен бунт против актуелната влада во Турција. По големите немири турската полиција се повлече од Таксим за десетици илјади демонстранти да го преплават главниот плоштад во Истанбул. Над илјада протестанти, главно млади луѓе се повредени, а полицијата уапси неколку стотици од демонстранти.
Претседателот Абдула Ѓул побара да надвладее разумот бидејќи ситуацијата е загрижувачка. Премиерот Реџеп Таип Ердоган пак најави дека владата нема да попушти во своите намери и ја предупреди опозцијата да не ја злоупотребува состојбата. Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот владее со државата повеќе од една деценија. Државата доживеа голем економски раст, но голем број жители беа загрижени од реисламизацијата и укинувањето на бројните слободи кои беа присутно претходно во Турција.
Турската полиција вчера и денеска употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, кои се обидуваа да стигнат до главниот истанбулски плоштад Таксим. Демонстрациите излегоа од контрола по интервенцијата на полицијата и прераснаа во антивладини протести и се проширија во неколку градови, меѓу кои и во Анкара.
Сирија со остар тон кон Ердоган
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го тероризира сопствениот народ, обвину денеска сирискиот министер за информирање Имран ал-Зохби и го повика да поднесе оставка.
„Барањата на турскиот народ не го оправдуваат ваквото насилство, а ако Ердоган не е способен да користи ненасилни методи, треба да поднесе оставка. Ердоган ја води својата земја на терористички начин, уништувајќи го општеството и достигнувањата на турските граѓани“, изјави Зохби кој додаде дека фактот што ги задушува мирните демонстрации, покажува дека Ердоган ја изгубил врската со реалноста.
Слично
