Турскиот клуб Фенербахче казнет од УЕФА затоа што навивачите го скандираа името на Путин
УЕФА изрече казната за турскиот фудбалски клуб Фенербахче откако навивачите го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин на средбата со Динамо Киев во квалификациите за Лигата на шампионите.
Динамо Киев среде Турција го елиминира Фенербахче во квалификациите за Лигата на шампионите откако запиша победа со 1-2 по продолженијата, а домашните навивачи во меѓувреме извикуваа „Путин!Путин!“, откако беа испровоцирани при славјето на гостинскиот гол во 57 минута.
„Клубот е казнет со 50.000 евра, и делумно затворање на најмалку 5.000 места за следниот европски домашен натпревар на Фенербахче“, соопшти УЕФА.
Слично
