Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турски офицери во НАТО бараат азил во страв дека Ердоган ќе им се одмазди

Турски офицери во НАТО бараат азил во страв дека Ердоган ќе им се одмазди

Стотина турски офицери кои служат во НАТО командата во Брисел побарале азил во Белгија во страв ако се вратат во земјата Ердоган ќе им се одмазди. Турските власти за дел од нив планираат да покренат обвиненија за тероризам, поврзаност со нелегалната организација „Фето“ и вклученост во неуспешниот воен пуч кој се случи во јули минатата година.

Од доскорошниот турски состав во структурите на НАТО во Белгија 19 офицери се вратиле во Турција и сите биле затворени, а некои од нив биле дури подложени и на мачење. Од 53 турски офицери од седиштето на НАТО во Брисел, 42 биле сменети. Од стотината турски претставници во Врховната команда на НАТО во Монс 80 ја загубиле својата работа. 

Вкупно 450 од 600 турски воени офицери во НАТО биле ослободени од должностите, а во оваа бројка спаѓаат и доскорошните службеници во базите „Рамштајн“ во Германија, „Норфолк“ во САД и Неапол  во Италија.


Слично

Поврзани вести