Турски аналитичар тврди дека САД сепак ќе ја жртвуваат Украина
Соединетите Американски Држави(САД) би можеле да ја жртвуваат Украина во обид да се спротивстават на сè посилниот сојуз меѓу Русија и Кина, оценува турскиот аналитичар Мехмет Али Бал, пренесува „Хабер“.
Тој нагласува дека евентуални територијални отстапки не претставуваат закана за Вашингтон, додека за Украина тоа е егзистенцијално прашање. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека европските лидери се свесни за потребата од компромис и, според медиумите, можно е да изврши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прифати условите на Москва.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Слично
