Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турската полиција заплени флота од 3,5 милиони долари, сега е нивна (ВИДЕО)

Турската полиција заплени флота од 3,5 милиони долари, сега е нивна (ВИДЕО)

Полицијата во Турција има флота на која би ѝ позавиделе многу богаташи.

На видеото објавено од турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја се прикажани повеќе од дваесет спортски автомобили, суперавтомобили и теренски возила кои неодамна беа запленети од турската полиција и сега се дел од нејзиниот возен парк.

Полицијата заплени вкупно 23 возила, од луксузни автомобили од високата класа како Бентли Континентал ГТ и Порше Тајкан, до модели како Ферари 458 и Фолксваген Голф Р.


Има и неколку луксузни теренци како Range Rover Sport и Mercedes-Benz GLS. Вкупната вредност на запленетите автомобили се проценува на околу 3,5 милиони долари, пренесува веб-страницата Мотор1.

Како што пишува Дејли Телеграф, овие автомобили биле запленети од наркодилер по име Хакан Аџик. Тој бил водач на моторџиска банда со седиште во Австралија, а неговото богатство се проценува на околу една милијарда долари.

Заедно со 36 други соработници, Аџик беше уапсен минатиот месец во Истанбул.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести