Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турската опозиција со значаен потег во борбата против Ердоган: Ајдин се повлече од изборите во Истанбул

Турската опозиција со значаен потег во борбата против Ердоган: Ајдин се повлече од изборите во Истанбул

Муамер Ајдин, еден од кандидатите за градоначалник на ИСтанбул, нема да учествува на прегласувањето за управител на градот на Босфорот со цел неговите гласови да се преточат кај опозиционерот Екрем Имамоглу и така да му даде предност во ворбата со владеачката партија на Реџеп Таип Ердоган.

„Се повлекувам од листата на Демократската левичарска партија за градоначалник на Истанбул“, напиша тој на Твитер. 

Оваа негова отстапка се верува дека ќе му даде значаен број на гласови на Имамоглу на повторното гласање во јуни, откако на редовното освои околу 30.000 гласови.

Победата на Имамоглу беше прва загуба за партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган по 25 години во Истанбул, но владеачката коалиција изврши притисок кај изборнака комисија повторно да има прегласување.

Слично

Поврзани вести