Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турската централна банка го брани курсот на лирата

Турската централна банка го брани курсот на лирата

Турската централна банка од вчера презеде итни мерки за да го одбрани курсот на лирата и да го сопре обемното кредитирање. Ова  следува откако курсот на домашната валута кон доларот падна на рекордно ниско ниво.

Турција, како и многу други економии во развој, стана чувствителна на сигналите од американската централна банка дека наскоро ќе почне да ги намалува монетарните поттикнувања. Овие сигнали поттикнаа повлекување на капиталот од економиите во развој. Аналитичарите тврдат дека притисокот врз турската лира треба да се гледа исклучиво во тој контекст.

Лирата вчера падна на рекордно ниско ниво од 1,9740 лири за долар, за да после се стабилизира на 1,9466. Според податоци на Reuters денеска се тргува по курс од 1,9386 за долар.

Новите мерки ќе се применуваат се додека е лирата под притисок. Оваа стратегија се очекува да го ублажи исклучително силниот раст на кредити и воедно да ја поттикне вредноста на лирата.

Централната банка во текот на вчерашниот ден одржала шест девизни аукции на кои продала вкупно две милијарди долари, објави Finansbank.

Слично

Поврзани вести