Турска пејачка заврши зад решетки затоа што на концерт кажала шега за верските училишта
Турска пејачка e упасена за шега за верските училишта.
Турската поп-пејачка Ѓулшен e уапсена поради „поттикнување омраза и непријателство“, откако на концерт кажала шега за турските верски училишта.
Четириесет и шестгодишната Ѓулшен, чие полно име е Ѓулшен Чолакоглу e приведена во Истанбул и во затвор ќе остане до судењето.
Ѓулшен на концертот во Истанбул во април рекла дека „перверзиите“ на еден од нејзините музичари се последица на тоа што тој посетувал верско училиште.
Ѓулшен во полиција ги отфрлила обвинувањата дека ширела омраза и непријателство, велејќи пред судските власти дека „бескрајно ги почитува вредностите и чувствителноста“ на својата земја. Таа се извинила поради навредата, но рекла дека за нејзиниот коментар се фатиле оние кои сакаат да ја продлабочат поларизацијата во земјата.
Во Турција претходно се случувало и новинари да бидат уапсени поради статуси објавени на социјалните мрежи, во кои не го именуваат, но алудираат на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
