Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турска компанија донираше борбен дрон за Украина

Турска компанија донираше борбен дрон за Украина

Турска компанија донираше борбен дрон на Литванија за да го испрати во Украина. 

Турција ќе го донира борбениот дрон Бајрактар TB2 на Литванија, кој ќе и биде предаден на Украина, објави литванското Министерство за одбрана, истакнувајќи дека стотици Литванци собрале скоро шест милиони евра за да го купат дронот.

Производителот за неколку седмици ќе го испорача напредното борбено беспилотно летало ТБ2, обоено во боите на литванското и украинското знаме. 

Од компанијата Бајкар изјавија дека Литванците собрале средства за набавка на дрон што ќе биде испратен во Украина.

foto Twitter

Слично

Поврзани вести