Туркменистан – Земјата во која нема сметки за струја, вода и гас
Додека голем број Македонци мака мачат со се поголеми смтки за комуналии, жителите на оваа средноазиска земја немаат асполутно никаков проблем со тоа.
Имено, во Туркменистан, таканаречениот рај на земјата, сметки за гас, струја и вода - не постојат.
Бесплатно греење од 1993 година
На чело на оваа државата со пет милиони жители, главно муслимани, се наоѓа претседателот Гурбанкули Бердимухамедов, кој на власт дојде во 2012 година.
Се смета дека Туркменистан има четврти по големина, резерви на природен гас во светот, па жителите на оваа богата земја уживаат во бесплатниот гас, струја и вода уште од 1993 година.
Меѓутоа, на ова поле по се изгледа ќе се случат некои промени. Барем така најави самиот претседател, кога рече дека сепак ќе почне со вградување на мерачи за потрошувачка на гас како би ги поттикнале граѓаните, енергијата да ја трошат порационално и поефикасно.
Имено, неговата влада уште во октомври објави дека бесплатниот гас ги чини пет милијарди долари годишно, па логично е да се обидат барем делумно да го намалат овој трошок.
А.А.
Слично
