Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Туркиш ерлајнс“ порача 95 авиони од „Боинг“

„Туркиш ерлајнс“ порача 95 авиони од „Боинг“
Турската компанија „Туркиш ерлајнс“ порача 95 авиони од американската компанија „Боинг“ за периодот од 2016-2021 година. Во 2016 година, според турските медиуми, „Туркиш ерлајнс“ ќе добие 20 авиони, во 2018 година уште 20, во 2019. – 15, во 2020. – 30, а во 2021. – десет. Дваесет авиони ќе бидат од типот Б737-800, 65 – Б737-8 МАХ и десет – Б737-9 МАХ, соопшти компанијата. Вредноста за 70 авиони, чија нарачка е сигирна изнесува 6,9 милијарди долари. „Туркиш ерлајнс“ во мај потпиша со европската компанија Ербас“ договор за купување на 82 патнички авиони за куси и средни растојанија од типот А320 во класична верзија и со нов мотор.
Слично

Поврзани вести