Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Туркиш ерлајнс“ е најдобриот авиопревозник на годината-„Ататурк“,најдобар аеродром

„Туркиш ерлајнс“ е најдобриот авиопревозник на годината-„Ататурк“,најдобар аеродром

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ доби признание од меѓународна организација за воздухопловство како авиопревозник на годината, а аеродромот „Ататурк“ во Истанбул е прогласен за „Аеродром на годината“.

Организацијата „Ер транспорт њуз“ ги врачи наградите на церемонија во Монтреал.

„Туркиш ерлајнс“, кој минатата година оствари заработувачка од 1,1 милијарда долари и порача рекордни 117 авиони „Ербас“, ја доби наградата за најдобра авиокомпанија.

Според директорот на турскиот авиопревозник Темел Котил наградата „повторно докажува дека Туркиш ерлајнс претставува најсветла ѕвезда во светското воздухопловство“.

Слично

Поврзани вести