Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туркиш Ерлајнс - Да се тргне забраната за електронски уреди во авионите

Туркиш Ерлајнс - Да се тргне забраната за електронски уреди во авионите

Од компанијата Туркиш Ерлајн очекуваат деновиве Белата куќа предводена од Доналд Трамп да ја укине забраната за внес на електронски уреди во авионите кои полетуваат од Турција кон САД. Компанијата смета дека не постои никаква опасност кај нивните патници, ниту пак нема никакви пропусти во нивните безбедносни протоколи и проверки. 

Претседателот Трамп донесе указ за забрана откако се појави извештај на ЦИА според кој терористите на ИСИС биле многу блиски до креирање на лаптоп бомби, односно имале способност да вметнат експлозиви во електронските уреди кои се незабележливи за скенерите на аеродромите. 

Забраната беше воведена за десетина пред се муслимански земји, меѓу кои Турција, ОАЕ, Египет, Кувајт, Катар и други.

Слично

Поврзани вести