ТУРИЗМОТ ОДИ ВО ДРУГА НАСОКА: Oгромен пад, но и почеста посета на планини
Наскоро се очекува пад на туризмот во светот за 70 отсто.
„Претходните глобални кризни ситуации доведоа до пад на туризмот од 10 до 20 проценти, но пандемијата Ковид-19 е полоша“, вели генералниот секретар на УНВТО, Зураб Пололикашвили, пренесува Си-Ен-Ен.
Рече дека ова лето поголем број луѓе ќе патуваат по копнен пат, а не со авиони, и додаде дека планинскиот туризам ќе биде поактуелен од плажите.
Наведува дека таканаречените „зелени коридори“ што ќе овозможат насочено патување меѓу два региона, во различни земји, кои покажале ниска стапка на инфекција со коронавирус, би можеле да бидат првиот чекор кон рестартирање на меѓународниот туризам.Во Европа, Сицилија нуди поволности за гостите кои ќе патуваат кај нив.
Сличен модел имаат Кипар, но и Јапонија.
Jапонија ќе покрива дел од трошоците за патување на странските туристи.
Кипар ќе ги покрива трошоците за туристите ако се заразат со коронавирус.
Слично
