Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туризмот на Франција и донесе заработувачка од 77 милијарди евра

Туризмот на Франција и донесе заработувачка од 77 милијарди евра
Франција минатата година остварила 77 милијарди евра прилив од туристи. Како што пренесуваат француските медиуми, туристичкиот сектор на земјата се покажа отпорен на кризата, за разлика од другите сектори. Во текот на 2012 година, според министерката задолжена за тој сектор, Силвиа Пинел, туризмот на Франција и донесе заработувачка од околу 77 милијарди евра. Во интервјуто за викенд изданието на економскиот дневен весник „Лес Екхо“, таа предупредува дека станува збор за привремени бројки и дека се уште не се опфатени бројките од последното тримесечие. Според француската министерка првите податоци за божиќните одмори покажуваат дека исполнетоста на туристичките комплекси била меѓу 80 и 100 отсто за тој период на годината, според неа во 2012 година Франција стана и првата дестинација во светот за скијање. Франција планира и понатаму да ја развива својата туристичка понуда во соработка меѓу државата и локалните заедници со ставање во прв план на тематски туристички престои поврзани со културно-историското и природното наследство, комбинирано со гастрономијата и виното, односно обединување на понудите на една територија околу една иста тема. За странските туристи Франција сака да развие соработка и со другите европски земји, како Шпанија и Грција за заеднички туристички понуди, наместо досегашните конкурентски. Односно Франција сака да наметне една заедничка туристичка марка „Европа“  
Слично

Поврзани вести