Туризмот ја спушти невработеноста во Шпанија на 26,3 отсто
Благодарение на летната туристичка сезона во Шпанија, која овозможи отварање на нови работни места, стапката на невработеност во Шпанија се намали петти месец по ред.
Вкупниот број на невработени лица се намали за 64.866 во јули на 4.690.000, а стапката на невработеност сега е 26,3 отсто, се вели во соопштението од Министерството за труд.
Последен пат кога Шпанија има забележано пет последователни месеци на опаѓање на невработеноста е во 2007 година.
Слично
