Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристите ја креваат Грција на нозе

Туристите ја креваат Грција на нозе

Во Грција ова лето се очекуваат околу 21 милион туристи, што би било нов рекорд кој би можел да и помогне на земјата да излезе од рецесијата и да го поврати економскиот кредибилитет.

Во 2013 година, година дена после штрајкови и немирите  во 2012, во Грција престојувале рекордни околу 20 милиони туристи.

Тоа е двапати повеќе од бројот на населението на таа земја, наведува Здружението на грчките туристички компании, а пренесува швајцарскиот весник 24часа.

Сепак, Грција во однос на своите соседи заостанува според туристичката потрошувачка, која во просек изнесува 146 евра по ден, 162 во Турција и 200 евра во Италија.

Слично

Поврзани вести