Туристичка агенција „Томас Кук“ ќе укине 2.500 работни места
Британската туристичка агенција Томас Кук втора во Европа по бројот на корисниците, соопшти дека ќе укине 2.500 работни места во Британија, главно од администрацијата и во малопродажната мрежа, во рамки на обемната програма за реструктуирање. Со тоа вкупната работна сила од 15.500 луѓе во Британија и Ирска ќе се намали за 16 отсто. Вестите дојдоа по два дена откако компанијата соопшти дека нема да ја продаде француската филијала која има загуби.
Слично
