Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристи настрадаа во напад во Авганистан

Туристи настрадаа во напад во Авганистан
Десет странци се убиени, а уште шест луѓе денеска се ранети во вооружен напад во западната авганистанска покраина Херат. Ова го соопшти претставникот на локалните власти Фархад Џилани. Засега нема информација за националноста на убиените туристи. Тие биле придружувани од авганистанска моторизирана патрола. „Конвојот бил начекан во заседа од страна на талибаните во округот Шешт-е-Шариф. Туристите патувале во Херат од покраините Бамијан и Гор“- вели Џилани, портпарол на гувернерот на Херат. Талибанците засега не ја преземаа одговорноста за нападот. Дел од групата туристи се спасени од припадниците на авганистанските безбедносни сили кои пристигнале брзо по дојавата за напад. Нападот кој се случи денеска доаѓа и покрај предупредувањата на странските амбасади во Кабул до своите граѓани да одбегнуваат патувања во Авганистан. Автопатите во земјата минуваат низ многу небезбедни области и се соочуваат со опасноста од честите напади на талибаните и други вооружени групи кои ги киднапираат или убиваат патниците. Состојбата во Авганистан се влошува последните месеци, откако радикалното исламистичко движење Талибан зазема дел од руралните области во земјата. Убиството на туристите доаѓа три дена откако беше нападнат хотелот во центарот на Кабул во кој престојуваат странски работници, при што загина еден авганистански полицаец, а уште тројца беа ранети.
Слично

Поврзани вести