Турците во нов мигрантски бран во Германија, не се живее лесно под Ердоган
Доколку се сметаше дека силните миграциски движења на Турците во Германија завршија во 70-тите години денес повторно се зголемува бројот на граѓани кои сакаат да ја напуштат својата родна земја, а тоа директно се поврзува и со начинот на кој владее Реџеп Таип Ердоган.
Федералната служба за мигранти и бегалци на Германија разгледува околу 450 барања на турски дипломати, војници, судии и други државни службеници, пренесува венсикот „Шпигел“.
Кандидатите за азил се осомничени од турските власти за врски со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обидот за државен преврат од 15 јули минатата година.
„Шпигел“ посочува дека меѓу кандидатите за азил има војници од НАТО, кои служеле во Белгија, како и поранешен воен аташе во турската амбасада во една африканска земја.
Во службата за мигранти и бегалци има вкупно 7.700 барања за азил од турски државјани.
Минатата година во Германија биле одобрени едвај осум проценти од барањата за доделување статус на бегалци, поднесени од турски државјани.
