Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИТЕ ПОМИНАА УШТЕ ЕДНА НОЌ НА ОТВОРЕНО: При силен земјотрес можат да се урнат 600.000 згради

ТУРЦИТЕ ПОМИНАА УШТЕ ЕДНА НОЌ НА ОТВОРЕНО: При силен земјотрес можат да се урнат 600.000 згради

Турците уште една ноќ поминаа на отворено, а 600.000 згради во Истанбул се изложени на ризик од уривање доколку се случи голем земјотрес. 

Објавена е структурна карта на градот, која покажува дека приближно 1,5 милиони згради се изградени на лош терен и во нив се сместени повеќе од пет милиони луѓе.

Според мапата, 600.000 згради се во категоријата „екстремно ризична“ доколку се случи посилен земјотрес, пишува Сабах.

Во обид за брзо реновирање на дотраените згради во Истанбул, Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени ја започна кампањата „Половина е наше“.

Деновиве имаше силен земјотрес и тој ги исплаши граѓаните. Имаше голем број повредени кои бегале надвор од објектите. 

Во 2023 година, во Турција и Сирија имаше силен земјотрес во кој загинаа над 50.000 луѓе. 

foto EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Слично

Поврзани вести