ТУРЦИЈА ЗАПОЧНA ГОЛЕМА АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА ЗЕМЈА: Уапсени над 900 лица осомничени за тероризам (ВИДЕО)
Турските безбедносни сили започнаа голема антитерористичка операција со кодно име „Херои“ низ целата земја, објави министерот за внатрешни работи на земјата Али Ерликаја. Досега се уапсени над 900 лица под сомнение дека се вмешани во тероризам.
- До 8 часот и 30 минути низ Турција беа спроведени 466 антитерористички операции со учество на 13.400 припадници на безбедносните сили. Најмалку 55 осомничени за тероризам беа уапсени за време на операции во 16 провинции. Во рамките на акцијата „Херои“ уапсени се 12 членови на терористички организации во провинциите Мерсин, Ван, Шанлиурфа, Мардин и Ајдин - соопшти турскиот министер за полиција Али Ерликаја.
- Во рамките на операцијата, која се одвива во 64 провинции, уапсени се 928 лица, а запленети се 744 парчиња нерегистрирано оружје – изјави Ерликаја.
Според турските медиуми, во текот на денот се уапсени над 110 лица кои се осомничени дека имаат врски со Курдистанската работничка партија, која е прогласена за терористичка организација во земјата.
BTÖ’YE YÖNELİK TÜM TÜRKİYE’DE BAŞLATILAN “KAHRAMANLAR” OPERASYONLARI KAPSAMINDA; MERSİN, VAN, ŞANLIURFA, MARDİN VE AYDIN’DA ŞÜPHELİ TERÖR ÖRGÜTÜ ÜYESİ YAKALANDI
— Ali Yerlikaya (@AliYerlikaya) October 3, 2023
BTÖ’NÜN İSTİHBARAT YAPILANMASINA YÖNELİK ŞANLIURFA MERKEZLİ MARDİN, DİYARBAKIR, GAZİANTEP, MERSİN, ŞIRNAK,… pic.twitter.com/GFXcg7mvBa
Претходно турскиот провладин весник „Јени Шафак“ објави дека турските безбедносни сили започнале операција против забранетата Курдистанска работничка партија во 18 провинции во земјата.
- Националната разузнавачка организација и безбедносните сили ја започнаа операцијата „Заспана ќелија“ во 18 провинции со центар во Шанлиурфа против сепаратистичко-терористичката организација Курдистанска работничка партија. Досега во рамките на операцијата се приведени околу 90 осомничени за тероризам – пишува весникот.
Минатата недела турскиот министер за внатрешни работи пријави обид за терористички напад во близина на зградата на Министерството во центарот на Анкара. Како што јави телевизијата „Хабер“, одговорноста за обидот за напад ја презеде Курдистанската работничка партија, која е забранета во земјата.
По тој настан, Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека биле извршени воздушни напади врз објектите на милитантите на Курдистанската работничка партија во северен Ирак и дека се уништени 20 нивни објекти.
Фото: Принтскрин/Твитер
