Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИЈА ЗА ГАЗА: Не сакаме раселување на Палестинците

ТУРЦИЈА ЗА ГАЗА: Не сакаме раселување на Палестинците

Tурција не сака раселување на Палестинците од Газа. 

Турското Министерство за национална одбрана денес јасно го изрази своето противење на какви било планови што имаат цел преселување на Палестинците од Газа, јавува Анадолија.

„Израел, преку својата политика на анексија што има цел да ги расели Палестинците од нивната земја, исто така, го негира правото на враќање на палестинските бегалци“, велат од Министерството за национална безбедност. 

Министерството информира дека „во согласност со барањата на новата сириска Влада, се подготвува мапа на патот со конкретни цели за зајакнување на капацитетот на сириската Армија“.

Предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз Газа, според Египет ќе го „сруши“ прекинот на огнот и „ќе поттикне враќање на борбите“.

Планот што го предложи Трамп вклучува дел од околу два милиони жители на Газа да бидат раселени во Египет, кој ја дели границата со територијата.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ѝ наредил на војската на земјата да подготви план за да се овозможи „доброволно заминување“ на луѓето од Газа, објавија локалните медиуми.

Слично

Поврзани вести