Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција се помести за три метри по силните земјотреси

Турција се помести за три метри по силните земјотреси

По силните земјотреси турското тло се поместило. 

Карло Дољони, претседател на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија изјави дека движењето на тектонските плочи што го предизвикаа земјотресите во Турција довело до поместување на тлото за околу три метри.

Поголемиот дел од Турција се наоѓа на плочата на Анадолија, но југоисточната плоча поминува над арапската плоча, во близина на Сирија. Според научникот, „тоа е како Турција да се придвижила на југозапад“.

„Она што ние го нарекуваме Арапска плоча се помести околу три метри по правец североисток-југозапад во однос на анадолската плоча“, рече тој.

Вели дека вкупната величина на раседот е најмалку 150 километри, и додава дека „сѐ се случило за десетина секунди“. Објаснувајќи дека потресите од изминатите два дена се случиле на точката на контакт на источноанадолската, арабиската и африканската тектонска плоча, Диљони вели дека „се активирал еден од двата главни раседи што ја пресекува територијата на Турција од едниот до другиот крај“. Тоа е еден од најактивните раседи на Блискиот исток, покрај оној на Мртвото Море кој минува низ Јордан, Израел, Либан и Сирија, одвојувајќи го Арапскиот полуостров од Африка.

Холандскиот научник Френк Хогербетс вели дека се можни нови потреси во Турција и тоа со јачина од 5 до 6 степени. Oд час во час расте бројот на жртви од земјотресите кои ги погодија Турција и Сирија. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба за следните три месеци во 10 погодени провинции. Додаде дека 70 држави веќе понудиле секаква можна помош за спасување во погодените подрачја. 

Слично

Поврзани вести