Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција отвори истраги за палењето на Куранот во Европа

Турција отвори истраги за палењето на Куранот во Европа

Обвинители од Турција почнаа истрага за палењето на Куранот во европски земји. 

Тие отворија истрага против дански и холандски политичари под обвинение за поттикнување омраза и непријателство во јавноста и за навреда на верските вредности, јави агенција Анадолија. Ги теретат дека извршиле дела на јавно поттикнување јавна омраза и непријателство кон светите вредности на исламската вероисповед, Куранот и Пратеникот на исламот, и отворено ги навредуваа верските вредности што ги застапува дел од луѓето.

Претходно, данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан минатата недела во два наврати запали примероци од Куранот, прво пред Турската амбасада во Шведска, а потоа и пред џамија во Данска.

Едвин Вагенсвелд, крајно десничарски холандски политичар искина страници од примерок на Куранот во Хаг, а потоа ги запалил искинатите страници во тепсија.

Палењето на Куранот поттикна протести во Турција и Индонезија. 

Како што пишуваат шведските медиуми, Москва стои зад минатонеделниот протест во главниот град Стокхолм каде десничар го запали Куранот. Потегот бил за да се саботира членството на Шведска во НАТО.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести