Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција: На жените им се препорачува да не се смеат гласно

Турција: На жените им се препорачува да не се смеат гласно

Вицепремиерот на Турција Булент Аринч изјави дека во Анкара жените не треба гласно да се смеат на јавно место, за да ја сочуваат „моралната чесност и пристојност“.

„Мажот мора да биде морално битие, како и жената. Жената треба да знае што е пристојно, а што не е“, рекол Аринч, на вториот ден од Рамазанскиот бајрам, кој официјално се слави во Турција, иако таа според Уставот е секуларна земја.

Според неговите зборови, жената на смее да се смее гласно пред другите, бидејќи треба да биде пристојна во секоја прилика.

Изјавата на Аринч предизвика лавина реакции на социјалните мрежи дека Владата се повеќе „навлегува во приватниот живот на граѓаните“

„Наместо да ни делите лекции за моралот, вратете ни ги украдените пари“ е една од пораките на Твитер со алузија на сомнение за корупцијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговото политичко опкружување.

„Не можам, а да не се изнасмеа на оваа морална лекција“, пишува во друга порака.

Аринч е познат по советите за пристојноста, како што налага -Куранот.

На неговиот совет одговори и противникот на Ердоган на претстојните претседателски избори, Екмелдин Ихсаноглу:„Навистина ни е потребно да го слушаме веселото смеење на жените“, напишал на Твитер.

Слично

Поврзани вести