Турција ликвидирала исламски борци и команданти во Сирија
Турската армија соопштиa дека се ликвидирани 51 борци на групата „Исламска држава“ при операциите во Северна Сирија, соопшти Ројтерс.
Четворица од убиените се т.н.. емири или локални команданти. Турските бомбардери уништија 56 згради, меѓу нив и три командни центри во регионот на Ал Баб.
Нема извештаи за цивилни жртви. Опсадата на градот продолжува веќе неколку недели, а операцијата на турските сили во Сирија - речиси половина година.
Слично
