Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција ја тресат протести, медиумите молчат

Турција ја тресат протести, медиумите молчат
Веќетрет ден Турција ја тресат протести. Новиот бран се крена како реакција на загинувањето на 22 годишен демонстрант во судир со полицијата. Луѓето дополнително биле навредени и револтирани поради фактото што полицијата излажала за причината на неговата смрт - во соопштението стои дека паднал од зградата од која демонстрантите ја мавале полицијата со камења, за обдукцијата да покаже дека на телото немало фрактура која укажува на пад од зграда, туку момчето починало од удари во глава за што има и сведоци.
 Во Хатај над 200 луѓе се судриле со полицијата по што  тие вратиле со солзавец и водени топови. Немири има и во Анкара и Истанбул.
медиумите се замолкнати, а при известувањата за случувањата во Турција се игнорираат протестите. Премиерот Реџеп Таип Ердоган наредил турските медиуми да не известуваат од протестите, па на  државната телевизија во екот на крвавите демонстрации може да се гледаат прилози за новите згради кои треба да се градат во Истанбул, пишуваат западните медиуми. Вестите за случувањата во Турција стигнуваат главно преку социјалните мрежи и известувачите за странските медиуми. Протестите во Турција против владата и наметнатите ограничувања почнаа во мај оваа година, кога повод за антивладините демонстрации беше уништувањето на истанбулскиот парк Гези.
Слично

Поврзани вести