Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tурција има услов за Финска и Шведска ако сакаат во НАТО

Tурција има услов за Финска и Шведска ако сакаат во НАТО

Tурција има услов за Финска и Шведска ако сакаат да влезат во НАТО. 

Турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Шведска и Финска мора да престанат „да ги поддржуваат терористите во нивните земји“, да дадат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција. Вели дека Турција никому не се заканува, но ја истакна поддршката на Шведска за курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК), пренесе Ројтерс. Во Турција ПКК е прогласена за терористичка организација.

Финска не очекува пречки за влез во НАТО.  Премиерката Сана Марин изјави дека не очекува никакви пречки во пристапот на оваа нордиска земја во НАТО, јави денеска Би-Би-Си. Вели дека видела некои изјави во кои се поставуваат одредени прашања.

Откако почна војната во Украина, двете земји се одлучија за членство во НАТО. 

Слично

Поврзани вести