Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција го затвори воздушниот простор за руските авиони

Турција го затвори воздушниот простор за руските авиони

Турција го затвори воздушниот простор за руските авиони кои летаат за Сирија. 

Информацијата ја соопшти министерот за надворешни работи  на Турција, Мевлут Чуавушоглу.

„Тримесечната дозвола за користење на турскиот воздушен простор истече во април“, вели Чавушоглу.

Рече дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го информирал рускиот колега Владимир Путин за тоа, по што „летовите престанале“.

Турција претходно не сакаше да се меша и да зазема страна во руско - украинскиот конфликт, но се залагаше за брзо ставање крај на војната. Откако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, ЕУ и САД воведоа санкции за Русија, но и за Белорусија, која ја поддржува. 

Слично

Поврзани вести