Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција е спремна со брод да ги земе ранетите борци од Азовстал

Турција е спремна со брод да ги земе ранетите борци од Азовстал

Турција се нуди за евакуација на ранетите борци од фабриката за челик Азовстал во украинскиот град Мариупол. 

Во интервју за Ројтерс, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин изјави дека пред две недели во Киев лично разговарал за предлогот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека ќе остане на маса, иако Москва не се согласува со тоа.

Луѓето евакуирани од фабриката ќе бидат транспортирани по копно до пристаништето Берџанск, кое исто како и Мариупол се наоѓа на Азовското Море, а турски брод ќе ги превезе преку Црното Море до Истанбул.

„Всушност, нашиот брод е подготвен да тргне и да пренесе повредени војници и други цивили во Турција“, рече Калин, кој е и советник за надворешна политика на Ердоган.

Двете земји не ја коментираат оваа можност за евакуација. Една рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа во Турција. 

Слично

Поврзани вести