Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција е гневна!

Турција е гневна!
Официјално се прогласени за мртви 282 рудари, а други 120 се уште се водат за исчезнати. Згаснува надежта дека ќе се најдат нови преживеани. Сома се наоѓа на околу 450 километри југозападно од Истанбул, а рударите работат под земја за малку повеќе од 500 евра. При завчерашната посета на Сома, гневните демонстранти го исвиркаа Ердоган, по што избија судири меѓу демонстрантите и полицијата, а турскиот премиер беше принуден да се засолни во еден супермаркет. Но, во исто време се појави видео снимка на која се гледа како советник на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, Јусуф Јеркелклоца демонстрант соборен на земја од безбедносните сили. Тоа вчера предизвика силни реакции во Турција.  
Слично

Поврзани вести