Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИ, РУСИ, ПОЛЈАЦИ: Во Германија расте бројот на жители со имигрантско потекло

ТУРЦИ, РУСИ, ПОЛЈАЦИ: Во Германија расте бројот на жители со имигрантско потекло

Германија има се повеќе имигранти.

Повеќе од една четвртина од населението во Германија се имигранти или со имигрантско потекло. 

Околу 21,2 милиони, или 26 проценти од вкупното население, имаат имигрантско потекло. Ова е според податоците за 2019 година, објави Федералното биро за статистика.

Вкупно 65 отсто од сите имигранти во Германија имаат европски корени.

Тоа е пораст од 2,1 процент споредено со лани. Најголемата  група, околу 13 проценти од сите луѓе со имигрантско потекло, се од Турција или имаат корени во таа земја, објави Федералното биро за статистика. Следат луѓе кои се по потекло или имаат корени во Полска и Русија. 

Околу 11,1 милиони луѓе или 51 процент со имигрантско потекло се родени во Германија.

Медиумите изминативе години пишуваа и дека секое петто дете родено во земјата е од мајка која не е Германка. 

Слично

Поврзани вести