Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турчинов стана претседател – имотот на Јанукович од денеска е државен

Турчинов стана претседател – имотот на Јанукович од денеска е државен
Олександер Турчинов , вчера именуваниот претседател на украинската Врховна рада денеска привремено ја презеде должноста претседател на држават, откако беше изгласано отповикување на Јанукович и се распишаа парламентарни избори за 25 мај. - До вторник, 25 февруари, мора да биде постигнат договор за формирање на нова влада на национално единство. Преговорите за новата влада треба веднаш да почнат, порача Турчинов. Турчинов важи за близок соработник на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која вчера беше ослободена од затвор и веднаш најави дека ќе се кандидра на престојните претседателските избори. Пратениците донесоа одлука со која луксузниот имот на Јанукович во предградието на Киев станува државна сопственост.Тие изгласаа и смена на министерот за надворешни работи Леонид Кожара, кој е еден од клучните луѓе во донесувањето на одлуката Јанукович да се откаже од потпишувањето на Договорот за асоцијација со Европската унија. Претходно, пратениците беа известени дека е издаден налог за апсење на поранешниот министер за финансии Александар Клименка и поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка.
Слично

Поврзани вести