Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турчинка бара да му се забрани влез на Ердоган во Германија

Турчинка бара да му се забрани влез на Ердоган во Германија

Севим Дагделен, пратеничка на германската партија „Левица“,  бара забрана за влез во Германија за турскиот претседател, Таип Реџеп Ердоган.

Таа иако има турско потекло, од Владата во Берлин бара да се забрани влез за сите граѓани на Турција кои што повикуваат на насилство против членови на германскиот парламент да добијат забрана за влез во земјата. Дагделен бара и поостра реакција од Владата на канцеларката Ангела Меркел, која во исто време работи со Ердоган на реализирање на договорот ЕУ - Турција за запирање на бегалците на патот кон Европа.

По резолуцијата во Бундестагот со која беше признат геноцидот на Ерменците од Отоманската империја за време на Втората светска војна, според весникот „Билд“, турски националисти понудиле 100.000 евра за нејзината смрт.

Вкупно 11 германски пратеници кои што гласаа за резолуцијата имаат турско потекло, а лидерот на „Зелените“ Ездемир Чем сè уште е под полициска заштита по смртните закани добиени од турски граѓани и организации.

Личните информации за сите нив се објавени на интернет, во медиумите или во џамиите. Од друга страна овие закани не беа осудени од турските власти.

Ердоган неодамна изјави дека Германија е последната земја која треба да се изјаснува и  да гласа за геноцид, и притоа го повика Берлин прво да даде отчет за Холокаустот и своите активности во Намибија.

Слично

Поврзани вести