Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турчин се спаси при земјотресот, но по неколку дена загина во пожар

Турчин се спаси при земјотресот, но по неколку дена загина во пожар

Турчин го преживеа разорниот земјотрес, но по неколку дена загина во пожар. 

Неџип Чакмак, кој успеа да побегне од урнатините на својата куќа уништена од земјотресот во Хатај и да побара засолниште во станот на својата ќерка, настрада во пожар. 

Пожарот избил во подрум на шесткатница во Кутахја, која била складиште за хартија. Пожарникарите, полицијата и екипата на брза помош спасиле 11 лица кои биле затрупани во становите.

Нечип кој имал 63 години и неговиот син Бесим Чакмак останале заробени во стан на третиот кат додека околу нив имало густ чад. Пожарникарите ги извадиле надвор во бессознание, пренесени се во болница, но таткото починал од труење со јаглерод моноксид. Неговиот син Бесим е во болница и лекарите се борат за неговиот живот.

Во силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија загинаа 40.000 луѓе. 

Во земјотресот настрадаа цели семејства. 

Селото Гокчедер во Газиантеп буквално е преполовено од разорните земјотреси што ја потресоа Турција на 6 февруари.

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Слично

Поврзани вести