Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРБУЛЕНЦИИ: Стјуардеси завршиле со потрес на мозокот во авион на „Ер Франс“

ТУРБУЛЕНЦИИ: Стјуардеси завршиле со потрес на мозокот во авион на „Ер Франс“
Три стјуардеси на авионот на компанијата „Ер Франс“ што летал на релација Париз-Њујорк заработиле потрес на мозокот, откако авионот непосредно по полетувањето налетал на силни турбуленции. Пилотот решил авионот веднаш да го врати во Париз. На аеродромот „Шарл де Гол“ патниците и екипажот ги пречекале медицински екипи, кои констатирале потрес на мозокот кај стјуардесите. Станува збор за најголемиот патнички авион во светот Ербас А380 на линијата АФ006. По лет од помалку од еден час, додека се уште бил во фаза на искачување над Велика Британија, авионот налетал на силни удари од ветер, кои ги предизвикале турбуленциите, соопштиле од компанијата. Дел од патниците набрзо сепак полетале за Њујорк, но со друг авион, а останатите треба да отпатуваат во текот на денешниот ден. Во инцидентот немало повредени патници.
Слично

Поврзани вести