Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тунис очекува лоша туристичка сезона по нападот во музејот „Бардо“

Тунис очекува лоша туристичка сезона по нападот во музејот „Бардо“

Улиците на Сиди Бу Саид - популарна туристичка дестинација во Тунис, на 20 километри од главниот град - се полни со туристи. Но трговците стравуваат дека нападот од минатата недела во музејот „Бардо“ ќе им наштети на нивниот бизнис. Во нападот загинаа 20 странски туристи.

Агенција „Ројтерс“ потсетува дека од туризмот во Тунис генерираат 7% од БДП на земјата. Според владата оваа година загубите за секторот ќе достигнат 700 милиони долари.

Се очекува резервациите за април да се како и обично, но потоа е можно да има мал пад.

„Помисливме за момент дали да одиме или не, но потоа заклучивме дека таквите напади може да се случат насекаде во светот. Треба да немаш никаква среќа за да попаднеш во нешто, па решивме да дојдеме“, вели Британката Карен Дреикт.

Италијанката Киара Цафанини вели дека не била исплашена, бидејќи не била таму. „Такво нешто може да се случи секаде. Не треба да се плашиш, бидејќи ако тие е страв, тоа значи дека тие победија“, вели таа.

Властите во Тунис ги засилија мерките за безбедност околу хотелите и популарните туристички дестинации по крвавиот напад.

Слично

Поврзани вести