Тунелот под Ла Манш повторно блокиран поради имигрантите
Железничката врска помеѓу Франција и Велика Британија под Ла Манш била прекината поради мигрантите кои сакаат да навлезат во Евротунелот, пренесоа од „Укринформ“.
„Железничката врска во Велика Британија е прекината привремено поради мигрантите кои успеале да навлезат на перон во градот Кале“, пишува во соопштението објавено од администрацијата на Евротунелот.
Оттаму не можат да соопштат сигурно кога ќе биде обновен сообраќајот, но рекоа дека тунелот ќе биде затворен најмалку до вторник.
Во последниве месеци стотици мигранти се обиделе да поминат низ тунелот.
Слично
