Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУНЕЛ МЕЃУ САД И МЕКСИКО: За што служел?

ТУНЕЛ МЕЃУ САД И МЕКСИКО: За што служел?

Властите на Калифорнија пронајдоа подземен тунел кој Мексиканците го користеле за шверцување луѓе преку границата меѓу и Мексико и САД.

Се работи за грубо ископан тунел кој вчера го откриле агенти на американската погранична патролна служба, недалеку од граничниот премин Отај Меса во Сан Диего.

Како што пренесува агенцијата АП, тие го опишале тунелот како дупка во земјата во кој се наоѓале дрвени скали.

Весникот „Сан Диего јунион трибјун“ пишува дека во моментот кога пристигнале агентите, на  местото забележале група мажи и една жена кои се разбегале, додека некои пробале да се вратат во тунелот.

Дваесет и двајца државјани на Кина и 7 државјани на Мексико се уапсени поради сомнение дека илегално ја минале границата на САД.

Локалните власти тврдат дека тунелот можеби се надоврзува на друг тунел кој претходно го откриле мексиканските власти, наведува агенцијата.

Слично

Поврзани вести