Тука не е крајот, ќе има и нови соеви на коронавирусот
Во иднина веројатно ќе има нови соеви на коронавирусот. На вакво сценарио предупредуваат научниците.
Но, вакцинацијата и следењето на мерките и понатаму се најсигурните начини за заштита од вирусот.
„Ќе има уште соеви после омикрон, а ако се позаразни тие ќе станат доминантни. Не е исклучено да носат потешка клиничка слика или подолготрајни последици од болеста“ вели Дејвид Набаро, специјален советник на Светската здравствена организација за ковид-19.
Тој вели дека непретпазливоста е опасно коцкање со здравјето. Во светот сега се шират омикрон и неговиот подвид стелт омикрон. Овој сој се појави во Јужна Африка.
foto freepik.com
Слично
