Цвета црниот пазар на цигари во ЕУ
Минатата година потрошувачката на цигари падна за 5.7 проценти, додека пак продажбата на шверцуваните цигари се зголеми. Потрошувачката на илегални цигари за 2012-та година иснесува 65 милијарди евра.
За годишниот извештај допринесе и компанијата за цигари „Philip Morris“ како дел од договорот од 2004-та година кој го потпишаа со европските регулатори.
Нелегалната продажба на цигари како и лажните пакувања на познатите брендови, најмногу порасна во Велика Британија, Грција, Италија и Естонија.
-Поради економската криза и буџетскиот дефицит нелегалните цигари задаваат големи проблеми во Европа со што се земјите членки трпат големи даночни загуби“, изјави Арти Чернис од „Philip Morris“.
Европската комисија постигна повеќе финансиски договори со производителите на цигари, вклучувајќи ги „Philip Morris“, „Imperial Tobacco“, „Japan Tobacco“ и „British American Tobacco“ во борбата против криумчарењето на цигари.
Слично
