Економија, финансии, бизнис

Контакт

Црвениот бран продолжи на берзите во Европа, нафтата поскапе!

Црвениот бран продолжи на берзите во Европа, нафтата поскапе!

Европските берзи се најдоа во црвено светло во четвртокот бидејќи инвеститорите бараат влијание на лошите податоци од двете најголеми економии во Азија - Јапонија и Кина.

berza 2

Паневропскиот индекс „STOXX 600“ го заврши денот со пад од 1,2%.

Лондонскиот репер „FTSE 100“ исто така забележа пад од 1,2%, откако „Bank of England“ ги задржа каматните стапки на ниво од 0,5%, бидејќи банкарите одлучија дека е премногу рано да се каже дали турбуленциите во Кина ќе се одразат на обединетата Британија. По веста лирата поскапе во однос на доларот.

Францускиот индекс „ЦАЦ“ заврши со 1,5% надолу. Француските компании со изложеност кон Бразил беа под притисок, откако „Standard & Poor's“ го намали рејтингот на земјата од Латинска Америка до нивото „junk“.

Германскиот индекс „DAX“ исто така, заврши со пад од 0,9%.

Нафтата се опорави од падот во средата покрај последните економски стравувања по податоците за економиите на Кина и Јапонија.

Цената на нафтата брент се зголеми за околу 2% до 48,50 долари за барел на крајот на седницата, а онаа на американската сурова нафта, исто така се крена за 3%, до ниво од околу 48,50 долари за барел.

Неколку компании влегоа на берзата во Лондон, и ги презентираа своите финансиски извештаи во четвртокот. Британската модна компанија „Next“ забележа раст од 7,1% на профитот за првото полугодие и ја зголеми својата дивиденда. Тешкотиите во синџирот на супермаркети „Morrisons“ сепак најави пад на добивката пред даноците од 35% за првата половина на годинава.

Акциите на „Next“ поскапеа за 1,3%, додека оние на „Morrisons“ поевтинија за 2,8%.

Секторот со основните ресурси беше најсилно погоден поради новите стравувања од Азија. „Glencore и Anglo American“ завршија на темно црвено, откако цените на акциите им опаднаа за 7,8% и 3,5%.

Слично

Поврзани вести