Црногорец ги снабдувал со експлозиви терористите во Париз
Приведен е државјанин на Црна Гора под сомнение дека ги снабдувал со оружје и експлозиви терористите што го извршија масакрот во Париз.
Црногорецот (51) бил запрен со Голф со црногорски регистарски таблички во близина на границата австриско германската граница на 5-ти ноември.
Во неговата кола биле пронајдени повеќе парчиња автоматско оружје, 200 грама на динамитот, рачни гранати и муниција сокриена во каросеријата на автомобилот.
Германската полиција го испитала и неговиот телефон и увиделе дека уапсениот бил на пат за Париз.
Тој во моментот се наоѓа во притвор во Баварија, јужна Германија, а полицијата интензивно истражува заедно со француските власти дали Црногорецот има врска со настаните во Париз.
Слично
